3D Modeling, Animation & Visual Effects | NewMan's Business Accelerator
Academy

3D Modeling, Animation & Visual Effects

Њуменс Академијата во изминатите 2.5 години подготви и изведе обука за 46 млади лица во областите 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни ефекти од кои 41 се стекнаа со ВРАБОТУВАЊЕ во една од најдобрите македонски компании - ФХ3Х со светско реноме и искуство на Холивудски проекти.


Проследете го разговорот со Директорот и Со-основач на ФХ3Х, Кристијан Даниловски како и нивните сениор артисти и воедно ментори во Њуменс Академијата Драган Сретеновски и Марија Конеска, за искуството што тие како компанија го имаат со нашите студенти и предусловите да се стане дел од нивниот тим. Дознаваме и од прва рака што значи да си студент на 3D програмата во Њуменс и како е потоа да се работи во ФХ3Х лично од Бојан, Силвија, Мице и Маги - студенти на нашата Академија, и веќе втора година вработени артисти.




Академијата ќе се реализира во период од 6 месеци од 10ти октомври 2017 година до 20ти март 2018 година, три пати неделно од 17:30 до 20:30 часот во вкупно времетраење од 320 часа.


ЦЕНА: За упис до 15ти септември цената е 1950 евра, а за упис од 16ти септември до 9ти октомври цената е 2250 евра. Школарината може да се плати на 6 рати, а за плаќање во готово следи 5% попуст.


Повеќе информации и пријавување на: 072 22 04 84, 070 36 54 36, 076 37 53 33.