Kids Academy for Storytelling, Animation and Movie Making | NewMan's Business Accelerator
Academy

Kids Academy for Storytelling, Animation and Movie Making

Го најавуваме стартот на првата академија за деца во Македонија за: Storytelling, Animation and Movie Making која ќе им овозможи на младите учесници неповторливо мултидисциплирано искуство под водство на професионалци во областа. Осмислувањето на приказни и ликови и нивно оживување е магичен процес низ кој ќе поминеме во текот на оваа Академија. Ќе научиме како да раскажеме приказна за лик кој самите ќе го креираме и како истата приказна да им ја покажеме на сите. Програмата ќе започне на 1ви март и ќе се реализира до крајот на мај.


Часовите се организирани во 4 тематски единици, ќе се одржуваат блок часови, два пати неделно. Академијата е наменета за деца на возраст од 8-14 години.
Во цената се вклучени и: Материјалите за работа, Сертификат за успешно учество и Награда за најдобриот учесник. Сработените проекти и материјали учесниците ќе можат да си ги понесат дома.


Уписите се во тек додека да се пополни групата. Побрзајте!


ПРОГРАМА (Вкупно 52 часа):



1. Креирање на карактери за цртани филмови или компјутерски игри (8 часа)
Во секоја приказна - компјутерска игра или детски анимиран филм има ликови. Ликовите можат да имаат човечка форма, животинска, но можат да бидат и реални или измислени суштества или предмети. Низ низа на скици ќе креираме различни аспекти од нашиот лик, а потоа иститот ќе го изработиме и во пластелин или глина во различни ситуации. Ликот може да биде дводимензионален или тродимензионален. Но како изгледа нашиот лик кога е налутен? А како изгледа кога е среќен? Која боја е? И за крај во каква средина се наоѓа и со што е опкружен?


Запознај ја менторката


2. Креирање и раскажување на приказна и пишување на сценарио (12 часа)
Не е доволно само да имаме лик и да знаеме во кој простор се наоѓа. Приказната е она што ни треба за да ја создадеме магијата и да ги привлечеме и другите да сакаат да го гледаат нашиот филм или да ја играат нашата игра. Приказната е таа која ќе ги опише физичките и емотивните карактеристики на нашиот лик како и неговите интеракции со средината. И преку создавање на таа приказна во форма на сценарио, ќе знаеме што зборува нашиот лик и кои се елементи дополнително треба да ги изработиме и вклучиме.


Запознај го менторот


3. Stop motion техника за снимање на филм (16 часа)
Имајќи го ликот и приказната од која тој е дел, единственото нешто што преостанува е да го оживееме. Stop motion техниката ќе ни овозможи да креираме илузија на движење преку фотографирање на серија од слики кои можат да бидат 2D исечоци или 3D модели. Фотографиите потоа ќе ги споиме во видео во специјална програма за да може да и ја раскажеме приказната на публиката.


4. Основи на 2D и 3D анимација и моделирање (16 часа)
За крај ќе научиме како од досегашните скици да направиме 3D модели во Autodesk Maya. Ќе го развиеме дизајнот на нашиот лик и од едноставен и рамен ќе го претвориме во ѕвезда на нашиот филм! Преку 2D анимација ќе додадеме едноставна графика, ќе го напишеме нашето име и останатите детали поврзани со нашиот филм, а ќе може да додадеме и снимен глас и музика.


Запознај ја менторката




ТЕМИ, БРОЈ НА ЧАСОВИ и ЦЕНА:

 ТЕМИ
 БРОЈ НА ЧАСОВИ
 ЦЕНА
 1. Креирање на карактери за цртани филмови или компјутерски игри
 8 часа, 2 недели
 2880 денари
 2. Креирање и раскажување на приказна и пишување на сценарио
 12 часа, 3 недели
 4320 денари
 3. Stop motion техника за снимање на краток филм
 16 часа, 4 недели
 5760 денари
 4. Основи на 2D и 3D анимација и моделирање
 16 часа, 4 недели
 5760 денари



Цената за еден час е 360 денари при упис на најмалку една тематска единица. За посета на индивидуален час цената е 450 денари за првите 2 тематски единици, односно 550 денари за вторите 2 тематски единици. Цената за следење на Академијата во целост е 18720 денари. Цена за следење на првите две теми е 7200 денари, а на вторите две теми е 11520 денари. Доколку Академијата се следи во целост, постои можност за плаќање на 5 рати без камата (3744 ден. месечно).


По повод стартот на првата Aкадемија за деца за: Storytelling, Animation and Movie Making распишуваме конкурс! Ве покануваме да ни испратите творби од вашите ликови со кратка приказна за нив.
Може да ни испратите цртеж од вашиот лик, скица, слика од 2Д или 3Д моделот истите можат да бидат изработени рачно или во некој компјутерски програм. Приказната не треба да содржи повеќе од 100 збора. Вашите дела може да ни ги испратите до петок (15.02.2019) до 17:00 часот на angela@newmansba.com и violeta.abadzieva@newmansba.com.
Апликациите ќе бидат оценувани од страна на Аида Хдеиб, Никола Кузелов и Ивона Ѓорѓиовска кои се воедно и ментори на Kids Academy, а резултатите ќе бидат објавени во понеделник (18.02).
На авторите на три најуспешни творби ќе им бидат доделени вредносни ваучери од 1.000, 2.000 и 3.000 денари за упис на Kids Academy for Storytelling, Animation and Movie Making.
Ве очекуваме со нетрпение!





Контакт на: 072 22 04 84 или akademija@newmansba.com