ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ | NewMan's Business Accelerator
iWinter18-iSummer19

ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА РАБОТА ПО СТРУКА ВО АМЕРИКА (ВО ФОРМА НА ПЛАТЕНА ПРАКСА И СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА) ЗА СТУДЕНТИ, ДИПЛОМИРАНИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ
ИЗБЕРИ ОБЛАСТ И АПЛИЦИРАЈ!


   ПРАКСА ЗА ДИПЛОМИРАНИ, МАГИСТРАНТИ И ДОКТОРАНТИ достапна за лица со минимум 18 години, добро познавање на англискиот јазик, запишани како редовни студенти на постдипломски студии (магистратура, докторат) на иституција надвор од Соединетите Американски Држави ИЛИ имаат дипломирано на таква институција (факултет, магистратура, докторат) не подолго од 12 месеци пред посакуваниот старт на Праксата, а во времетраење до 12 месеци, со почеток најрано во Септември 2018 година.   


   СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА достапна за лица со минимум 18 години, добро познавање на англискиот јазик, кои имаат дипломирано на дипломски или постдипломски студии (факултет, магистратура, докторат) на иституција надвор од Соединетите Американски Држави И имаат најмалку 1 година соодветно искуство надвор од Соединетите Американски Држави ИЛИ имаат 5 години искуство надвор од Соединетите Американски Држави, најмалку еден месец пред посакуваниот старт на Специјализацијата која треба да е во областа на студиите или стекнатото искуство, а во времетраење до 18 месеци, со почеток најрано во Септември 2018 година.   


   ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИ достапна за лица со минимум 18 години, добро познавање на англискиот јазик, запишани како редовни студенти на дипломски студии (факултет) на иституција надвор од Соединетите Американски Држави ИЛИ имаат дипломирано на таква институција не подолго од 12 месеци пред посакуваниот старт на Праксата, а во времетраење до 6 месеци, со почеток најрано во Јуни 2019 година.   



  ПРОГРАМЕР  

1. Front-End Software Engineer
2. Back-End Software Engineer


  МАРКЕТЕР  

1. Digital Communications Specialist
2. Marketing and Events Specialist



  ДИЗАЈНЕР  

1. Graphic and Multimedia Designer
2. Web and Experience Designer


  МЕНАЏЕР  

1. ICT Project and Knowledge Manager
2. Small Business Finance Manager



ОБЕЗБЕДУВАМЕ:
- Можност за платен работен ангажман во Америка од 3 до 18 месеци
- Обезбедување на работна позиција по струка во компанија во Америка
- Подготовка за аплицирање и интервјуа за работа
- Oбука во Скопје соодветна за посакуваната позиција
- Подготовка за интервју за Американска виза
- Препорака за работа од компанијата каде си бил ангажиран

Обуката е стручна и ќе те подготви технички за работата што ја посакуваш. Обемот и темата на обуката ќе се утврдат дополнително согласно со работата што ја посакуваш и знаењето што ти недостасува.
Напомена: Доколку имаш минимум 2 години формално работно искуство во соодветната област, обуката не е задолжителна.

ГРАДОВИ И РЕГИОНИ:
Силиконска Долина I Сан Франциско I Лос Анџелес I Њујорк I Сиетл I Чикаго I Остин I Орландо I Вашингтон

НАДОМЕСТОК ЗА ВРЕМЕ НА ПЛАТЕНА РАБОТА ИЛИ ПРАКСА:
Според Американското законодавство најнискиот надомест може да биде $ 8.25 по час, а за конкретните работни позиции може да очекуваш надомест од $ 12.50 до $ 25.00 по час при што би работел/а од 32 до 50 часа неделно со можност за прекувремен ангажман. Вкупниот надомест на месечно ниво би се движел од $ 1700 до $ 3500 во зависност од конкретната работна позиција, компанијата и градот каде си ангажиран/а. На која работна позиција ќе бидеш ангажиран/а ќе зависи и од твоите преференци но и од твојата претходна стручна подготовка, искуство и знаење, како и од впечатокот што ќе го оставиш за време на интервјуата со работодавците.
Очекуваме за време на ангажманот да се фокусираш на примарната работна позиција и да го дадеш твојот максимум што ќе ти отвори нови можности и предности за во иднина.


УПИСНИ РОКОВИ И ЦЕНИ:


За кандидати до 28 години
- За СТУДЕНТИ за работен ангажман до 4 месеци: 1645 евра
- За ДИПЛОМИРАНИ НЕ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 6 месеци: 1745 евра
- За ДИПЛОМИРАНИ НЕ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 12 месеци: 1845 евра
- За ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 12 месеци*: 1845 евра
- ЗА ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 18 месеци*: 1945 евра
НОВО: За кандидати од 29 до 35 години
- За ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 12 месеци*: 1945 евра
- За ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 18 месеци*: 2045 евра
НОВО: За кандидати со 36 или повеќе години
- За ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 12 месеци*: 2145 евра
- За ДИПЛОМИРАНИ ПОДОЛГО ОД 1 ГОДИНА за работен ангажман до 18 месеци*: 2245 евра


За ран упис до 17 март 2018 година, на сите цени следува попуст од 7%. Уписите траат до 17 јуни 2018 година или се додека има места во конкретниот термин во кој сакате да започнете со Пракса односно Специјализација.
НАПОМЕНИ:
- За лица кои немаат Македонско државјанство цените во сите категории се 15% повисоки соодветно.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
- Во готово со 5% попуст плус 7% попуст за ран упис
- На 3 до 6 рати со 7% попуст за ран упис

Процесот започнува со разговор во просториите на Њуменс Бизнис Акцелераторот на кој се утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за конкретната категорија за која е заинтересиран.
Може да дојдете директно во нашите простории од 09:00 до 20:00 часот секој работен ден или најпрво да ја пополните Онлјан Апликацијата и ние ќе ве контактираме за да договориме термин за разговор.

Дополнителни информации за оваа програма како и за другите ПРОГРАМИ ЗА МЛАДИ што ги реализираат ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и ЊуМенс Академијата во Македонија и странство можете да дознаете од Интервјуто на ТВ 24 Вести во емисијата Македонија Денес со Генералниот менаџер Ирена Чаушевска и Менаџерот за корпоративни операции Стефан Савевски.


Контакт на: 072 22 04 84, 076 37 53 33, 070 36 54 36 или iwinter2018@newmansba.com и isummer2019@newmansba.com


АПЛИЦИРАЈ!



НАЈПОГОДНИ ФАКУЛТЕТИ:


Најсоодветни за учество на оваа програма се апликантите запишани или дипломирани на овие или други факултети во земјата или во странство (не во САД) со исти или слични програми или пак имаат реализирано дополнителни курсеви и/или определено практично искуство во наведените области.

 ПРОГРАМЕР: Front-End Software Engineer / Back-End Software Engineer 

 Факултет  Насока
 Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ  Компјутерски науки и инженерство, Информатика и компјутерско инженерство, Информатички технологии, Информатика, Примена на е-технологии
 Факултет за електротехника иинформациски технологии - ФЕИТ  Информатика и компјутерско инженерство, Информатика, Компјутерско системско инженерство и автоматика
 Машински факултет  Производна информатика
 Природно-математички факултет  Информатичко образование, Компјутерски науки, Информациски системи, Програмско инженерство, Математичко програмирање
 Технички факултет Битола  Информатика и компјутерска техника
 Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи Битола  Информатика и компјутерска техника, Компјутерски науки и инженерство, Информатички науки и комуникациско инженерство
 Факултет за информатика УГД Штип  Софтверско инженерство, Информациони системи и технологии, Теориска информатика
 Технички факултет Битола  Информатика и компјутерска техника
 Природно-математички факултет ДТУ Тетово  Информатика
 Факултет за современи науки и технологии УЈЕ Тетово  Компјутерски науки, Медиумска информатика, Бизнис информатика, Компјутерско инженерство
 Факултет за компјутерски науки и инженерство УИСТ Охрид  Компјутерски науки и инженерство
 Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника УИСТ Охрид  Информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
 Европски Универзитет  Информатика
 ФОН универзитет  Информациско-комуникациски технологии
 Американ колеџ  Компјутерска техника и информатика
 МИТ Универзитет  Информациски технологии
 Меѓународен Балкански универзитет  Технички науки
 Меѓународен универзитет Струга  Информатичка технологија во бизнис, Софтверско инжинерство


 ДИЗАЈНЕР: Graphic and Multimedia Designer / Web and Experience Designer 

 Факултет  Насока
 Факултет за ликовни уметности  Сликарски оддел, Графички оддел, Вајарски оддел
 Архитектонски факултет  Инженер архитект
 Факултет за драмски уметност  Продукција, Театарска режија, Филмска и ТВ монтажа, Филмска и ТВ режија
 Филозофски факултет  Психологија, Историја на уметноста
 Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ  Компјутерски науки и инженерство, Информатика и компјутерско инженерство, Информатички технологии, Информатика, Примена на е-технологии
 Природно-математички факултет  Интернет и мобилни технологии, Информатичко образование, Компјутерски науки, Информациски системи, Програмско инженерство
 Машински факултет  Индустриски дизајн, Заварување и дизајн на конструкции, Производна информатика
 Технички факултет Битола  Графичко инженерство, Информатика и компјутерска техника
 Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи Битола  Информатика и компјутерска техника, Компјутерски науки и инженерство, Информатички науки и комуникациско инженерство
 Факултет за информатика УГД Штип  Софтверско инженерство, Информациони системи и технологии, Теориска информатика
 Факултет за хуманистички студии и уметности ДТУ Тетово  Психологија, Филозофија, Ликовна уметност, Сликарство графички дизајн, Скулптура и графика, Драмска уметност, Актерство, Режија на филм и ТВ
 Факултет за современи науки и технологии УЈЕ Тетово  Компјутерски науки, Медиумска информатика, Компјутерско инженерство
 Факултет за компјутерски науки и инженерство УИСТ Охрид  Компјутерски науки и инженерство
 Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника УИСТ Охрид  Информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
 Европски Универзитет  Економски науки, Комуникации и медиуми, Информатика, Арт и дизајн
 ФОН универзитет  Информациско-комуникациски технологии, Дизајн мултимедија
 Американ колеџ  Компјутерска техника и информатика, Архитектура и дизајн
 МИТ Универзитет  Информациски технологии, Архитектура
 Европска филмска академија ЕСРА  Театарски уметности, Сценски дизајн, Факултет за филмски уметности
 Меѓународен Балкански универзитет  Технички науки, Применети уметности, Комуникации
 Меѓународен универзитет Струга  Информатичка технологија во бизнис, Архитектура и дизајн, Софтверско инженерство


 МАРКЕТЕР: Digital Communications Specialist / Marketing and Events Specialist 

 Факултет  Насока
 Економски факултет Скопје  Маркетинг, Е-бизнис, Менаџмент, Финансиски менаџмент, Економија, Надворешна трговија
 Факултет за ликовни уметности  Сликарски оддел, Графички оддел, Вајарски оддел
 Факултет за драмски уметности  Драмски актери, Драматургија, Продукција, Театарска режија, Филмска и ТВ монтажа, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање
 Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ  Примена на е-технологии
 Природно-математички факултет  Интернет и мобилни технологии
 Правен факултет  Новинарство
 Филозофски факултет  Филозофија, Социологија, Психологија, Историја на уметноста
 Филолошки факултет  Англиски јазик и книжевност
 Економски факултет Прилеп  Бизнис администрација-менаџмент, Бизнис информатика, Финансиски менаџмент, Маркетинг менаџмент, Меѓународна економија и бизнис
 Технички факултет Битола  Графичко инженерство
 Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи Битола  Информатички науки и комуникациско инженерство
 Факултет за туризам и угостителство Охрид  Туризам
 Правен факултет УГД Штип  Новинарство и Односи со јавноста
 Факултет за хуманистички студии и уметности ДТУ Тетово  Психологија, Филозофија, Социологија, Ликовна уметност, Сликарство графички дизајн, Скулптура и графика, Драмска уметност, Актерство, Режија на фим и ТВ, Монтажа и камера, Англиски јазик и литература
 Економски факултет ДТУ Тетово  Менаџмент и маркетинг, Економија и бизнис
 Правен факултет ДТУ Тетово  Новинарство
 Факултет за бизнис и економија УЈЕ Тетово  Одржлив Туризам
 Факултет за современи науки и технологии УЈЕ Тетово  Медиумска информатика; Бизнис информатика
 Факултет за јазици, култури и комуникација УЈЕ Тетово  Меѓународни комуникации
 Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника УИСТ Охрид  Информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
 Европски Универзитет  Економски науки, Комуникации и медиуми, Арт и дизајн
 ФОН универзитет  Маркетинг менаџмент, Финансиски менаџмент, Дипломатија и новинарство, Англиски јазик, Информациско-комуникациски технологии, Дизајн мултимедија
 Американ колеџ  Деловна економија, Архитектура и дизајн, Бизнис администрација
 МИТ Универзитет  Информациски технологии, Менаџмент, Архитектура
 Европска филмска академија ЕСРА  Театарски уметности, Сценски дизајн, Факултет за филмски уметности
 Универзитет за туризам и менаџмент  Економски, Меѓународен маркетинг менаџмент, Односи со јавноста, Претприемнички бизнис
 Меѓународен Балкански универзитет  Економски и административни науки, Применети уметности, Комуникации
 Славјански Институт Св.Николе  Менаџмент на организација, Финансии и кредит, Општа психологија
 Меѓународен универзитет Струга  Маркетинг менаџмент, Финансиски менаџмент, Информатичка технологија во бизнис, Архитектура и дизајн


 МЕНАЏЕР: ICT Project and Knowledge Manager / Small Business Finance Manager 

 Факултет  Насока
 Економски факултет Скопје  Маркетинг, Е-бизнис, Менаџмент, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Економија, Надворешна трговија
 Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ  Компјутерски науки и инженерство, Информатика и компјутерско инженерство, Информатички технологии, Информатика, Примена на е-технологии
 Факултет за електротехника иинформациски технологии - ФЕИТ  Информатика и компјутерско инженерство, Информатика, Компјутерско системско инженерство и автоматика
 Машински факултет  Индустриско инженерство и менаџмент, Производна информатика
 Природно-математички факултет  Информатичко образование, Компјутерски науки, Информациски системи, Програмско инженерство, Математичка економија
 Економски факултет Прилеп  Бизнис администрација-менаџмент, Бизнис информатика, Финансиски менаџмент, Маркетинг менаџмент, Меѓународна економија и бизнис, Сметководство финансии и ревизија
 Технички факултет Битола  Индустриски менаџмент, Информатика и компјутерска техника
 Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи Битола  Информатика и компјутерска техника, Компјутерски науки и инженерство, Информатички науки и комуникациско инженерство
 Факултет за информатика УГД Штип  Софтверско инженерство, Информациони системи и технологии, Теориска информатика
 Факултет за туризам и угостителство Охрид  Царина и Шпедиција, Туризам, Осигурување
 Економски факултет УГД Штип  МБА менаџмент, Финансиски менаџмент
 Економски факултет ДТУ Тетово  Сметководство, Фианасиска и банкарска насока, Менаџмент и маркетинг, Економија и бизнис
 Факултет за бизнис администрација ДТУ Тетово  Бизнис администрација
 Факултет за бизнис и економија УЈЕ Тетово  Финансии и сметководство, Менаџмент и Маркетинг, Информациски системи и менаџмент
 Факултет за современи науки и технологии УЈЕ Тетово  Компјутерски науки; Бизнис информатика; Компјутерско инженерство
 Факултет за компјутерски науки и инженерство УИСТ Охрид  Компјутерски науки и инженерство
 Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника УИСТ Охрид  Информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
 Факултет за информациони теории и анализи УИСТ Охрид  Информациони теории и анализи
 Европски Универзитет  Економски науки, Информатика
 ФОН универзитет  Банкарски менаџмент, Маркетинг менаџмент, Финансиски менаџмент, Информациско-комуникациски технологии
 Американ колеџ  Деловна економија, Компјутерска техника и информатика, Бизнис администрација
 МИТ Универзитет  Информациски технологии, Менаџмент
 Универзитет за туризам и менаџмент  Економски, Менаџмент на човечки ресурси, Меѓународен маркетинг менаџмент, Претприемнички бизнис
 Меѓународен Балкански универзитет  Економски и административни науки, Технички науки
 Славјански Институт Св.Николе  Менаџмент на организација, Финансии и кредит, Општа психологија
 Меѓународен универзитет Струга  Маркетинг менаџмент, Финансиски менаџмент, Бизнис администрација, Информатичка технологија во бизнис, Софтверско инжинерство



И во случај Вашиот факултет да не е на листите, доколку имате определено претходно искуство во областа (студентски проекти, пракса, волонтирање, фриленс работа или вработување) или планирате да го стекнете најдоцна два месеци пред посакуваниот старт на вашата Пракса односно Специјализација, ќе може да учествувате во оваа програма. За повеќе информации контактирајте не.